Медицинската мапа на Република Македонија ја презентира состојбата на здравствената заштита и здравствената состојба во Републиката и пооделно за секој статистички, здравствен регион и секоја општина, по однос на организационата структура, здравствените дејности и здравствениот кадар, морбидитет и морталитет. Целта на оваа апликација е да даде придонес во изготвување на стратегијата за развој на здравството во нашата Република, како и за користење на информации од страна на здравствените работници и соработници и други заинтересирани субјекти. Медицинската мапа е изготвена врз основа на официјалните податоци кои ги прибира и ги обработува Одделението за здравствена статистика и информатика во Секторот за социјална медицина при Републички завод за здравствена заштита - Скопје, a ce добиени од Заводите за здравствена заштита во Република Македонија и Државниот завод за статистика.

Медицинската мапа се состои од три дела:

ДЕЛ I - Мапа по статистички региони
ја прикажува состојбата на здравствената заштита во Републиката прикажана воопшто и според нивоите на здравствена заштита - примарна, секундарна и терциерна во соодветните здравствени региони во Р.Македонија.

ДЕЛ II - Мапа по здравствени региони
ја прикажува состојбата на здравствената заштита по здравствени региони Здравствените региони се прикажани по азбучен ред.

ДЕЛ III - Мапа по општини
ја прикажува состојбата на здравствената заштита по здравствени региони Здравствените региони се прикажани по азбучен ред.

Податоците се презентирани во вид на табели и картограми. Прикажани се обезбеденоста на населението со здравствените кадри и извршени услуги по здравствените дејности, исто така презентирана е мрежата на болничките здравствени организации по видови, број на болнички постели, лекувани болни, просечно лекување на болните, искористеност на болничките капацитети и обрт на болничка постела како и податоци за приватното приватното здравство. Прикажани се најчестите утврдени заболувања во амбулантно - поликлиничка дејност. Дадени се заразните заболувања против кои се врши имунизација и заразни заболувања кои се цели во стратегијата на СЗО “Здравје за сите”. Прикажан е општиот и доенечкиот морталитет, најчестите причини за смрт како и приватното здравство.

©2009 Copyright Ministry of Health